EXCLUSIVE MK
НАСЛОВНА Свет

Новооткриен тунел во Големата пирамида од Гиза!

Alex lbh, CC BY-SA 3.0, via Wikimedia Commons

Официјалната надлежна служба за Египетски антиквитети потврди дека постои скриен внатрешен коридор над главниот влез во Големата пирамида во Гиза. Оваа пирамида која се смета за едно од античките „седум светски чуда“ има висина од 146,6 метри и била највисоката градба во светот повеќе од 3.800 години – сѐ до појавата на Ајфеловата кула.

Новиот наод е во рамките на проектот што користи технологија од 2015 година, наречен муографија. Дополнително, користен е и ендоскоп за истражување внатре во пирамидите. Недовршениот тунел е веројатно изграден за да ја прераспредели тежината на пирамидата, главниот влез или други други неоткриени простори, појасни шефот на египетскиот Врховен совет за антиквитети, Мустафа Васири.

Видео од ендоскоп ја покажува внатрешноста на ходникот кој е долг 9 метри и широк 2,1 метри.

Според египетскиот археолог Захи Хаваси, коридорот може да помогне да се открие дали сѐ уште во пирамидата постои комората во која е погребан фараонот Кофу (старогрчки – Кеопс). Неговите шпекулации го свртеа вниманието на јавноста, поради што се пренесува и неговата изјава дека за неколку месеци ќе биде или демантиран или потврден.

Втора ваква празнина во пирамидата беше откриена во 2017 година исто преку муографија. За неа се процени дека е долга 30 метри и висока неколку метри, а е лоцирана над Големата галерија.

Големата пирамида е изградена како владетелска гробница околу 2560 година п.н.е., за време на фараонот Куфу. Првично била висока 146,6 метри, но со текот на времето, абењето ја спуштило висината на пирамидата на сегашните 138,5 метри. Древната градба денес се простира на 230,3 квадратни метри, а зафаќа вкупно 2,6 милиони кубни метри.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Грузија нема победа против Македонија, никој не очекува многу голови

Angela

БЕЛ ПРОВИДЕН ФУСТАН И БЕЛА ТАНГА – на Наташа Беквалац и беше незгодно што на настапот сите гледаа во овој долен детаљ од телото (ФОТО)

Angela

Гитара на основачот на „Пинк флојд“ продадена за над 27.000 долари

Angela