EXCLUSIVE MK
Астрологија ЗАБАВА НАСЛОВНА

Пристигнува помрачување на Сонцето и носи невидени космички промени

На 30 април 2022 пристигнува млада Месечина во знакот Бик и помрачување на Сонцето, првото оваа година. Планетата Уран е многу активна и носи ненадејни случувања што служат како своевиден повик за будење. Сега е вистинското време да тргнете напред на скалата на духовната еволуција.

Иако ова е само делумно помрачување на сонцето, тоа е многу моќно и ни отвора неверојатни нови можности. Доколку долго сте размислувале за нешто или сте планирале да започнете нов работен подвиг, сега е вистинското време да почнете да го реализирате.

Помрачувањата имаат тенденција да предизвикаат судбински случувања што ни помагаат да стигнеме до следното поглавје од нашата духовна еволуција.

Овие астро-феномени може да нé изненадат, но запомнете дека секогаш нé ставаат таму каде што треба да бидеме, дури и ако ни се чини дека не е така. Овој период само ги забрзува работите што неизбежно ќе се случат.

Планетата Уран, која е доминантна во овој период е многу активна. Уран е познат по тоа што носи изненадувања и настани, кои како да се појавуваат од ведро небо. Неговата енергија ветува еден вид радикално поместување од една состојба во друга.

Уран понекогаш може да биде малку шокантен во начинот на кој дејствува, но целта му е да го промени животот на подобро. Сака да нé ослободи од сé што нé кочи за да можеме да продолжиме да се движиме кон врвот.

Јупитер и Венера исто така ќе бидат во совршена хармонија додека трае помрачувањето на Сонцето, а тоа ќе влијае и врз нашите финансии. Ова е поволен момент за покренување нови бизниси, унапредување или за барање покачување на платата доколку мислите дека го заслужувате.

Освен тоа, складот на Јупитер и Венера ќе влијае и врз нашите емоции, па наредниов период ќе се чувствуваме поспокојно и посмирено.
Целата ваша енергија насочете ја кон постигнувањето успех и остварувањето на она што долго го сонувате. Овој астро-период ќе ви помогне полесно да стигнете до врвот или, во краен случај, ќе ви покаже дали одлуката што сте ја донеле е добра за вас.

Ова помрачување на Сонцето ќе влијае позитивно врз сите нас, но со оглед на тоа што се поклопува со младата Месечина во знакот Бик, токму родените во овој знак ќе го почувствуваат најголемото влијание.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Стапката на рак кај младите пораснала за 79 отсто во изминатите 30 години

Angela

Што ќе се случи ако еден месец вежбате по 8 минути секоја вечер пред легнување?

Angela

Со ужасна повреда чека операција: Наташа модра, Стефан бега од полицијата (ФОТО)

Angela