EXCLUSIVE MK
НАСЛОВНА Ракомет СПОРТ

Скопско-битолски пресметки во полуфиналето на Купот на Македонија

Денеска во просториите на Ракометната федерација на Македонија беше извршена ждрепка за завршницата на Купот во машка и женска конкуренција.

Кај мажите имаме две скопско-битолски пресметки, но само во финалето ќе можеме да гледаме битка на Вардар и Еурофарм Пелистер. Имено „црвено-црните“ за ривал ќе го имаат Еурофарм Пелистер 2, додека пак првиот тим на битолчани ќе игра против Бутел.

13.05.2022 17:00 часот РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 – РК ВАРДАР 1961

13.05.2022 20:00 часот РК БУТЕЛ СКОПЈЕ – РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР

15.05.2022 19:30 часот ФИНАЛЕ

Кога се во прашање дамите во полуфиналето во салата „Јасмин“ во Кавадарци силите ќе ги одмерат ЖРК Металург-ЖРК Куманово и ЖРК Ѓорче Петров-ЖРК Чаир.

4.05.2022 14:00 часот ЖРК КУМАНОВО – ЖРК МЕТАЛУРГ

14.05.2022 17:00 часот ЃОРЧЕ ПЕТРОВ ЖРК – ЖРК ЧАИР

15.05.2022 17:00 часот ФИНАЛЕ

Сите натпревари од Купот на Македонија ќе се емитуваат во живо на МРТ и на YouTube каналот на РФМ.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Цеца ја објави првата заедничка фотографија на Анастасија и Гудељ по загубата на бебето (ФОТО)

Angela

Ферстапен го започна походот кон третата титула

Angela

„Љубов наша, едвај те чекаме“: Бремената Анастасија го покажа стомакот, Немања покажа нежност (ФОТО)

Angela