EXCLUSIVE MK
НАСЛОВНА Наука - новости ТЕХНОЛОГИЈА

Произведена паметна светилка која сигнализира пад на стари лица

Технолошката компанија „Ноби“ од Антверпен произведе светилка која користи вештачка интелигенција за да сигнализира кога постаро лице паднало и да вклучи аларм за итен повик доколку е потребно, објави порталот „Фокус на Белгија“.

Светилката е првенствено наменета за старечки домови и е важна особено навечер кога има помалку персонал во домовите.43

Паметната светилка сигнализира пад на човек, но и активира аларм во кој лицето се прашува дали е неопходно да се повика персоналот за помош.

Откривањето пад и комуникацијата се главните задачи на паметната светилка, но концептот има и други предности. Во мирување е 24 часа на ден, дискретно се вклопува во таванот, не поднесува љубопитни погледи и ја почитува приватноста, лесно се поставува и постојано ја мери температурата на околината и квалитетот на воздухот.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Како хороскопските знаци изразуваат љубов?

Angela

Меган одбива да трпи понижувања: Роденденот на Арчи НЕ е причина да не дојде на крунисувањето – еве што велат експертите

Angela

Џенифер Лопез си го покажа лицето без грамче шминка: Преубава е! (ФОТО)

Angela