EXCLUSIVE MK
Мобилни телефони НАСЛОВНА ТЕХНОЛОГИЈА

Рутерот виновен за фијаското на Фејсбук

Милиони корисници беа засегнати, блокадата спречи пристап до социјалните медиуми и услугите за пораки на Фејсбук, Ватсап и Инстаграм од вчерашните попладневни часови до пред полноќ. Блокадата настанала при промена на конфигурацијата. Грешката се случила на насочувачите кои го координираат протокот на информации меѓу Фејсбук и серверите, се вели во денешен блог. Бидејќи дошло до пореметување и во функционирањето на интерните системи и софтвер алатки, било тешко брзо дијагностицирање на проблемот и негово решавање. Комплетниот прекин траеше вкупно околу шест часа.

Објаснувањето на Фејсбук се поклопува со претпоставките на интернет експертите,  дека грешката е кај инфраструктурата во самиот концерн. Фејсбук нагласува дека не располага со никакви укажувања дека поради прекинот на услугите се доведени во опасност податоците на корисниците.

Во светот барем една од услугите на Фејсбуккористат околу 3,5 милијарди луѓе. Основачот и прв човек на концернот, Марк Закерберг се извини кај корисниците за настанатата грешка.

Првично се шпекулираше за можна саботажа, но сајбер стручњаците на Фејсбуквелат дека тоа е малку веројатно.

Прекинот кај Фејсбук предивика навала кај конкурентот Твитер. „Здраво на буквално сите“, твитнаа оттаму, откако безбројни корисници на Фејсбук одеднаш навалија кај социјалната мрежа за кратки пораки.

Акцијата на Фејсбук забележа пад од речиси пет проценти, но концернот уште вреди околу 920 милијарди долари. Личното богатство на Закерберг меѓутоа во рок од неколку часа се намали за преку шест милијарди долари, со 121,6 милијарди долари, тој се симна на петто место на најбогатите во светот, зад основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Зелениот чај нуди десетици придобивки

Angela

ДЗС: Досега се попишани 711 418 граѓани

Angela

Прогласен најдобриот град за живеење во светот

Angela