EXCLUSIVE MK
НАСЛОВНА Свет

Силен земјотрес на Алјаска, издадено предупредување за цунами

Силен земјотрес, со јачина од 8,2 степени по Рихтеровата скала денеска го погоди брегот на американската држава Алјаска. По земјотресот активирана е тревога за можно цунами.

Многу силниот земјотрес е евидентиран на околу 91 километар источно-југоисточно од Перивил, Алјаска, и се случи околу 22:15 часот, среда навечер, по локално време, односно утрово по централноевропско време, соопшти Американскиот геолошки завод.

Регистриран на длабочина од 46,7 км, земјотресот се смета за плиток. Плитки земјотреси се со длабочина помеѓу 0 и 70 километри. Следуваа најмалку два силни вторичини потреси, со магнитуда од 6,2 и 5,6 степени според Рихтеровата скала, соопшти геолошкиот завод.

На Алјаска, Националниот центар за предупредување за цунами издаде тревога за јужните делови, Полуостровот и крајбрежните области на Пацификот од Хинчинбрук до преминот Унимак.

Пацифичкиот центар за предупредување од цунами издаде предупредување за американската држава Хаваи и американската пацифичка територија Гуам.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

На Азиските берзи зголемени цени на акциите, доларот ослабна

Angela

(ФОТО) ИЗВЛЕЧЕНИ ТЕЛАТА: Двајца ловџии загинаа утрово!

Angela

Поради ставот за воспитување на децата денес, Гоца Тржан „нападната“ на Твитер – со ова мислење многумина ќе се согласат!

Angela