EXCLUSIVE MK
Останато

Повторно ќе се испитува инцидентот помеѓу Ферстапен и Хамилтон

Светската автомобилистичка федерација (ФИА) денеска го прифати барањето на Ред Бул повторно да се преиспита одлуката околу казната на возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон по инцидентот кој се случи на трката за Големата награда на Велика Британија.

ФИА во четврток преку видео конференција ќе одржи состанок со екипите на Мерцедес и Ред Бул, во пресрет пред тркачкиот викенд за ГН на Унгарија.

На последната трка во Ф1 шампионатот која се возеше на 18 јули на патеката Силверстоун, Хамилтон во првиот круг предизвика инцидент откако со предниот пневматик го допре болидот на Макс Ферстапен по што возачот на Ред Бул со брзина од 270 километри на час излета од патеката и удри во заштитната ограда.

Верстапен по инцидентот заврши во болница, додека Хамилтон заработи казна од 10 секунди во пит стоп, но и покрај тоа успеа да победи на трката. Со победата, Хамилтон ја намали негативата во однос на Ферстапен во генералниот пласман и сега заостанува само осум бода зад возачот на Ред Бул.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

ФОТО: Ана Ивановиќ го покажа трудничкиот стомак и откри како функционира нејзиниот мозок

Angela

Фетел: Кога заврна, трката се претвори во лотарија

Angela

Карстен Вархолм го освои олимпиското злато на 400 метри со пречки со втор светски рекорд за еден месец

Angela