EXCLUSIVE MK
ЗАБАВА Занимливости НАСЛОВНА

Синдром Петар Пан: Дали сте си имале работа со маж кој никогаш нема да порасне?

Петар Пан беше незрело момче кое се обидуваше да остане дете по секоја цена. Тешко се справуваше со проблемите. Затоа, кога велиме дека некој страда од синдромот Петар Пан, мислиме дека тој сѐ уште е емоционално незрел. Луѓето склони кон овој синдром избегнуваат конфликти најдобро што можат и им се допаѓа кога другите се грижат за нив.

Веројатно ја знаете приказната за Петар Пан – момчето кое не сака да порасне. Иако можеби звучи добро да не мора да плаќаме сметки или да закажуваме преглед на доктор, овие се сепак вообичаени работи што ги прават возрасните.

Како што Петар Пан ги избегнува одговорностите што ги носи зрелата доба, луѓето со синдромот Петар Пан го прават истото.

Од каде потекнува терминот „Синдром Петар Пан“?

По момчето кое никогаш не порасна. Терминот „Синдром Петар Пан“ за првпат беше воведен во книгата на психоаналитичарот Ден Кили во 1983 година, опишувајќи ги мажите кои никогаш не пораснале. Терминот го опишува феноменот на физички возрасни мажи кои не пораснале емоционално. Возрасните со синдром Петар Пан ги избегнуваат личните и професионалните одговорности на возрасно лице.

„Тоа се едноставно поединци кои навистина не сакаат да пораснат. Мислат дека одговорностите на возрасните се навистина тешки и голем предизвик“, вели психотерапевтот и експерт за односи Бабита Спинели.

Синдромот на Петар Пан не е официјална дијагноза или состојба на ментално здравје признаена од Светската здравствена организација или Дијагностичкиот и статистички прирачник за ментални нарушувања.

Шест вообичаени знаци кај мажите со овој синдром

Тешко е да се каже дали вие или некој што го знаете има синдром Петар Пан, бидејќи не постојат стандардизирани симптоми, но постојат некои вообичаени знаци што можат да го покажат тоа, иако тие може да се манифестираат различно кај секого.

1. Проблеми со долгорочни планови

На мажот кој има синдром Петар Пан може да му биде тешко да биде во долга врска, романтична или платонска. Нивниот стил на приврзаност е несигурен и честопати не можат емотивно да се посветат на некој друг. Сепак, ова не значи дека секој што не сака долга врска го има овој синдром.

2. Се потпираат на другите луѓе и сакаат тие да се грижат за нив

Може да имаат тенденција да зависат од нивните родители или семејство.

Не се способни да направат ништо што би им помогнало да се одвојат од нивните родители или некој што се грижи за нив. Уживаат додека се во центарот на вниманието, вели психијатарот за деца и возрасни Гаури Куран.

3. Не се заинтересирани за личниот развој

Постои општо разбирање дека како што човекот старее, така расте и како личност. Можеби растот е минимален, но сепак е раст. Меѓутоа, кога имате синдром Петар Пан, нема причина да растете: уживате во животот како што сте живееле отсекогаш и не гледате ништо лошо во тоа.

4. Тешко донесување одлуки

Просечен човек носи околу 35.000 одлуки секој ден. Може да се каже дека ова се однесува на повеќето возрасни. Лицето со синдром Петар Пан може да го избегне ова ако едноставно го остави водството на другите.

Честопати се плашат дека другите ќе ги гледаат негативно, па затоа се парализирани кога треба да донесат одлуки, вели Спинели.

5. Лош однос кон парите

Не ги бива сите за менаџирање на финансиите. За некој со синдром Петар Пан, следењето на личните финансии не е приоритет. Тоа дури може да биде нешто што целосно го избегнуваат – додека не се појави минус на нивната сметка.

6. Избегнување конфликти

Некој со синдром Петар Пан можно е сѐ уште да има емоционална зрелост на дете. Затоа, ги избегнуваат конфликтите најдобро што можат, понекогаш бегајќи во сопствената реалност, а друг пат трчајќи и заклучувајќи се во спалната соба.

Од каде доаѓаат овие особини?

Психоаналитичарите секогаш бараат некаква поврзаност со детството, вели Спинели.

„Да речеме дека сте имале родители кои биле секогаш со вас и биле максимално вклучени во вашиот живот. Тие се грижеле за сѐ и биле малку премногу заштитнички настроени. Можеби ве охрабрувале и ве чувале, но исто така ја разнишале основата за вашето возрасно ‘јас’ – затоа се чувствувате несигурно или вознемирено кога доаѓа време да донесете одлука или да направите нешто за себе“, заклучува Спинели.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Причини поради кои жените плачат за време или по сексот

Angela

Променливо облачно со мала до умерена облачност која ќе биде поголема во планинските региони

Angela

ОВА Е ПОСЛЕДНАТА ЖЕЛБА НА ТИНА ТАРНЕР – еве како ќе биде испратена легендата на рокенролот на сопствениот погреб

Angela