EXCLUSIVE MK
Занимливости НАСЛОВНА

Статуата на Херкул ископана покрај историскиот антички пат Виа Апија

Античка римска статуа на Херкул била пронајдена за време на поправка на канализација под парк во главниот град на Италија, Рим.

Статуата, која датира од периодот на Римското царство (27 г. пр. н.е. – 476 г.), се појавила од тлото покрај историскиот антички пат Виа Апија.

– Локацијата откри вистинско изненадување за нас – мермерна статуа во вистинска големина на лик кој го претставува Херкул, кој можеме да го препознаеме преку присуството на мотката и лавовското крзно на неговата глава,- се вели во објавата на „Апија Антика“, кои оваа информација ја споделија на Фејсбук.

Настанот се случил за време на реконструкција на дел од канализациските цевки кои биле искршени и предизвикувале лизгање на земјиштето. Ископувањето стигнало до длабочина од 20 метри, а како што најчесто се прави во Рим, било вршено во присуство на археолози.

Во ноември минатата година беше пронајдена збирка на бронзени статуи кои биле заштитени илјадници години од калта и топлата вода во мрежата на бањи изградени од Етрурците во Тоскана. Ова откритие на 24 статуи стари повеќе од 2.300 години беше прославено како едно од најважните археолошки откритија од ваков вид во последните 50 години.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Летечки автомобили до 2024 година – позната е и цената

Angela

Пред сезоната на летување откриваме: Зошто постелнината во хотелите секогаш е БЕЛА?

Angela

Тамара Тодевска проговори за крајот на бракот и животот во агонија: „Живеев во кафез“

Angela