EXCLUSIVE MK
Кошарка НАСЛОВНА СПОРТ

Лука Дончиќ со загрижувачка изјава: Не уживам повеќе ….

Лука Дончиќ беше многу блиску до трипл-дабл учинок (34 поени, 10 скока и 8 асистенции) на пресметката против Шарлот Хорнетс, но и тоа негово издание не беше доволно за победа на Далас.

Домаќините беа „шокирани“ на домашен терен во најлош момент во сезоната (109-117), односно во пресудни моменти кога се борат за место во плеј-оф фазата.

Словенецот се појави на натпреварот со маица со интересен натпис (Се што ми треба е суво месо и ракија) кој дефинитивно насмеа многу луѓе, но на прес-конференцијата Лука објасни дека и тој се соочува со одредени проблеми во прватниот живот кои го спречуваат да биде среќен и ужива во играта.

– Јас сум толку фрустриран. Мислам дека на сите ви е јасно кога ќе ме видите на теренот. Во последно време се чувствувам како да не сум јас, туку дека само стојам на теренот … порано уживав во тоа и се смеев во играта, но сега сум толку фрустриран од многу причини, не само кошаркарски. Многу тоа ми се случува надвор од теренот што е поголемо од кошарката, но не сакам да зборувам за мојот приватен живот, -истакна Дончиќ кој посочи дека мора како тим да се борат пожестоко, ако сакаат да победуваат.

 

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Бебето во раце, синовите Лука и Леон трчаат околу неа: Aна Ивановиќ првпат фотографирана со тројцата наследници на плажа – изгледа прекрасно

Angela

Машки грешки во сексот кои жените не ги простуваат многу лесно

Angela

Македонскиот рапер Таско стана татко – со сопругата му дадоа уникатно име на синот

Angela