EXCLUSIVE MK
ВЕСТИ Македонија НАСЛОВНА

Со летното сметање на времето стартува и летниот ред на летање

Заедно со менувањето на стрелките на часовникот, од вечерва стартува и летниот ред на летање кој ќе се применува на двата македонски аеродроми во Скопје и Охрид.

Оваа промена ќе има важност до октомври, односно цели седум месеци.

Според актуелниот ред на летање, од скопскиот аеродром ќе сообраќаат 20 авиокомпании до 44 дестинации, додека од аеродромот „Св. Апостол Павле“ ќе летаат шест авиокомпании до девет дестинации.

Во поглед на летовите, со летниот распоред доаѓаат и три нови линии, како што е сезонската Скопје-Сплит на „Кроација ерлајнс“, исто така сезонската линија Белград – Охрид на „Ер Србија“, како и директниот лет Скопје-Франкфурт на „Луфтханза“.

Чартер летовите од Македонија ќе одат во правец кон Египет, Тунис и Турција, додека кон нашите краишта се очекуваат гости од Холандија и Полска.

Photo by Josue Isai Ramos Figueroa on Unsplash

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Домашна маска за лице од само 3 состојки

Angela

Зад ова слатко лице се крие МОНСТРУМ: Ова е убиецот од Младеновац, падна во рацете на полицијата

Angela

Како да се однесувате на првиот состанок?

Angela