EXCLUSIVE MK
ЗДРАВЈЕ Исхрана НАСЛОВНА

Никогаш не сте јаделе толку вкусна салата од домати: Тајната е само во ЕДНА СОСТОЈКА!

Доматот е омилено јадење во текот на летото, а најчесто го јадеме во комбинација со кромид и краставици. Сега е време да пробате нешто ново и поубаво, а вкусот целосно ќе ве воодушеви.

Тајната на оваа салата е во една состојка. Никогаш не би можеле да погодите, но ако во доматот додадете свежи листови од нане, ќе добиете вкусно летно јадење што никого не остава рамнодушен.
Ви предлагаме рецепт за специјална салата од домати – можете да ја јадете како оброк или како прилог на главното јадење.

Состојки:
Домати – 1 кг
Слатка пиперка – 2 парчиња
Магдонос – 2 дршки
Зачин – по вкус
Нане – 3-5 лисја
Лук – 3-4 чешниња
Алкохолен оцет – 1 лажица
Растително масло – 2 лажици
Шеќер – 1,5-2 лажички
Сол – 1 лажичка
Лута пиперка – по вкус

Подготовка:

Во блендер ставете слатка пиперка, лук, нане, лута пиперка, оцет, растително масло, шеќер и сол и мешајте додека не добиете уникатна смеса.

Измијте го доматот, потоа прелијте со вода и оставете да отстои 5-7 минути, потоа процедете го и излупете го доматот. Благодарение на оваа техника, доматите ќе се маринираат многу побрзо. Исечете го секој домат на 4 парчиња.

Ставете го доматот во садот во кој ќе ја послужите салатата и наредете го во слоеви. Истурете ја марината врз секој слој и посипете со магдонос.

Покријте ја салатата со фолија и оставете да се маринира 2 часа на собна температура, потоа добро измешајте и ставете ја во фрижидер преку ноќ.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Како да ги отстраните масните дамки од каучот? ДВА трика по кои мебелот ќе ви биде како нов!

Angela

Каша која спасува живот: Ги чисти крвните садови, спречува дебелеење и развој на малигни болести

Angela

Обвинение за полов напад врз дете во Градско

Angela