EXCLUSIVE MK
НАСЛОВНА Свет

Трагедја: Двајца мртви и десетици повредени во судир на два патнички воза

Две лица загинаа, седум се во критична состојба, а 31 се повредени во судир на два патнички воза во близина на чешкиот град Гомазлица, на запад од земјата, соопшти денеска чешката агенција ЦТК.

Британските медиуми пренесуваат дека чешкиот министер за транспорт Карел Хавличек на Твитер објави дека еден од возовите што се судриле бил возот Екс 351, што, според наводите на Чешки железници, е брзиот воз на релацијата Минхен-Прага.

Чешката полиција на Твитер објави дека „може да потврди дека во железничката несреќа две лица го загубиле животот”, јавија француските медиуми во првите вести за железничка несреќа во западна Бохемија.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Сончево време со температури до 32 степена

Angela

Се венчале по 25 години љубов, таа со децата преживеала терористички напад: Која е сопругата на Пеп Гвардиола?

Angela

Денеска е Св. маченик Евсигниј

Angela