EXCLUSIVE MK
Црна хроника

Царината на граничниот премин Табановце запленила 1.000 антиген тестови за Ковид-19

Царинските инспектори на граничниот премин Табановце вчера привремено задржале 1.000 парчиња антиген тестови за Ковид-19, по детална контрола на автобус од превозникот „Дурмо турс“ од Гостивар, кој сообраќал на редовната линија Германија – Струга.

Како што објаснуваат оттаму, во багажникот биле пронајдени 3 непријавени пакети од патникот Б.С. од Гостивар во кои се наоѓале 1.000 антиген тестови за Ковид-19, со вкупна вредност од околу 50.000 денари.

Истовремено, оттаму посочуваат дека стокaта е привремено одземенa со потврдa за привремено одземени предмети и дека против пријавеното лице ќе се поднесе Барање за поведување на прекршочна постапка до Одделението за прекршочна постапка при Царинската управа.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Кумановец заработи кривична пријава за измама тешка половина милион денари

Angela

Тешко повреден скопјанец откако бил удрен од „шкода“

Angela

Оружје и муниција пронајдени во канта за отпад пред двор на скопјанец

Angela