EXCLUSIVE MK
ЗДРАВЈЕ Убавина

Шминка за очи инспирирана од зајдисонцето

Летното небо како инспирација е вистински хит во сезонскиот мејкап стил. Дозволени се сите комбинации на бронзена, жолта, златна, портокалова, корална, па дури и сина и зелена нијанса.

Голем број козметички куќи имаат во својата понуда палети со шминка за очи во нијанси кои асоцираат на зајдисонце, а истиот стил може да се забележи и на модните писти.

За светол до среден тен најмногу одговараат комбинации на нијанса на праска и корали, додека пак, оние со потемен тен можат да си дозволат и светлопортокалова нијанса. Маскарата, секако, е задолжителна.

При ваква шминка на очите, бојата на усните најдобро е да остане природна, потенцирана со сјај за усни во слична боја.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Само еден остров во Европа во зелената зона на новата Ковид мапа

Angela

Неочекувани предизвикувачи на главоболка

Angela

Пикантен деликатес – пилешко во сос од домати

Angela