EXCLUSIVE MK
Астрологија ЗАБАВА НАСЛОВНА

Што бара секој знак во партнерот: Овенот независност, Скорпијата лојалност

Раковите бараат партнер кои има разбирање, Девиците некој кој им одговара на интелектуално ниво, а на Скорпиите најважна им е лојалноста.

Овен

Овој знак ги цени независноста и довербата, сака еднаквост во врската и партнер на кој може да му верува. Довербата му е многу важна, сака партнер на кој ќе може да му ги довери и најмрачните тајни.

Бик

Биковите сакаат флерт, додворување, сакаат партнерот да им покаже колку ги сака. Потребно е време да ја стекнете нивната доверба, затоа на Бикот му треба партнер кој целосно ќе ги разбира неговите „моменти“.

Близнаци

Близнаците се со слободен дух и многу се комуникативни. Затоа бараат енергичен партнер, некој кој ќе може да држи чекор со нив, но и некој кој внимателно ќе ги слуша и ќе се восхитува на нивните авантури.

Рак

Нежните Ракови се верни и често зависат од партнерот. Поради тоа, мечтаат за партнер полн со разбирање. Бараат луѓе слични на себе и дури кога ќе бидат сигурни дека го пронашле вистинскиот, се отвораат.

Лав

Лавовите се толку навикнати другите да им се восхитуваат што бараат партнер кој исто така ќе биде одушевен од нив. Сепак, не се толку себични, подготвени се и тие да посветат внимание и одушевување.

Девица

Девицата е интелигентна и аналитична. Секогаш употребува логика пред да започне нешто со некого. Кога станува збор за избор на партнерот, сака интелигентни луѓе. најмногу ја привлекува паметен човек.

Вага

Вагите се олицетворение на грациозност и убавина. Тие секогаш бараат партнер сличен на нив, со убави манири. Очекуваат да ги третираат онака како што заслужуваат.

Скорпија

Кога станува збор за љубов, Скорпијата не игра игри. Таа е исклучително љубоморна кога ќе најде партнер кој најмногу одговара за неа. Во партнерот бараат квалитет, лојалност и подготвеност за експериментирање.

Стрелец

Стрелецот е вечен авантурист, ретко одлучува да се посвети само на една личност. Но, кога ќе се случи тоа, останува за цел живот. Стрелците се во потрага по партнер кој ќе биде спремен за различни предизвици.

Јарец

Јарецот бара партнер кој има слични планови како неговите, но и партнер кој е целосно посветен на кариерата. Ако сакате да го добиете вниманието на еден Јарец, подгответе се на тоа да ги следите и никогаш да не се откажете.

Водолија

Луѓето родени во овој знак имаат слободен дух, па можеби и послободен од Близнаците. Сакаат авантури и спонтани луѓе, така што тоа се квалитетите за нивниот идеален партнер.

Риби

Најголемиот идеалист во Зодијакот секогаш тежнее кон романтична приказна како од филмовите. За идеален партнер го смета оној кој ќе ги исполнува нивните фантазии за вечна љубов.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Мечка истрчала на автопатот Тетово-Скопје и предизвикала сообраќајна незгода

Angela

СИТЕ МИСЛЕА ЌЕ СЕ ЗЕМАТ И ЌЕ ИМААТ ДЕЦА: И поранешниот на Анастасија не издржа, откри дека чека принова – нема да и биде добро на пејачката од оваа фотографија!

Angela

Станија ги надмина границите во голотија: Градите и задникот во преден план, вака старлетата ужива на плажа (ФОТО)

Angela