EXCLUSIVE MK
Медицина НАСЛОВНА

Што е согорување, а што загревање на тутунот?

Во светот, денеска има повеќе од една милијарда пушачи. Иако и тие знаат дека пушењето е штетно по здравјето на човекот, единствено прашање е колку од нив го разбираат вистински проблемот на пушењето традиционални цигари.

Никотинот е погрешно потенциран дека е најголемиот виновник за болести предизвикани од пушењето, затоа што науката веќе докажала дека тоа всушност е чадот од тутунот. Чадот од тутунот е главниот причинител за болести и уништување на органите на човекот. Чадот се создава при согорување на тутунот на температура од 400 целзиусови степени. Во тој момент, цигарата почнува да гори и создава чад. Температурата на запалената цигара може да достигне и до 900 целзиусови степени, а на таа температура, преку чадот се испуштаат штетни материи кои пушачот ги вдишува. Но, чадот од тутунот е подеднакво опасен, како за пушачите, така и за непушачите.

Кај традиционалните цигари, при согорување на тутунот се испуштаат повеќе од 6.000 материи, од кои стотина се штетни или потенцијално штетни. Дали постои начин да се избегне согорувањето и емисијата на штетните материи? Одговорот на ова прашање е дека постои начин и тоа најмногу благодарение на науката и технологијата кои докажала дека никотинот се ослободува од тутунот на пониска температура, од околу 250 целзиусови степени. Со овој начин се овозможува да се избегне процесот на согорување и токму поради тоа научниците создадоа помалку штетни алтернативи, како што се електронските уреди кои само го загреваат тутунот. Овие производи се базирани на технологија на загревање на тутун, затоа што загревањето не создава чад, туку аеросол кој фундаментално се разликува од чадот од цигарите.

Вреда от цигарите

Алтернативите помагаат во промените Пушачите треба да знаат дека постојат алтернативи со кои можат, доколку не се откажуваат од пушењето, да направат промена и да ги заменат цигарите и со тоа да ги намалат здравствените ризици на кои самите се изложени, како и оние во нивна непосредна близина. Во прилог на ова сведочат бројни светски експерти, како и научни студии од областа на јавното здравје, кои потврдуваат дека клучната разлика помеѓу постоењето чад и неговата елиминација преку споменатите производи, може да направат вистинска разлика во секојдневната заштита за здравјето.

Електронските уреди кои го загреваат тутунот се подобра алтернатива од традиционалните цигари. Тие не испуштаат чад кој е канцероген, нема пепел и непријатна миризба, но истите не се без ризик. Најдобар избор за сите пушачи е целосно да се откажат од употреба на цигари и никотин, но доколку не се откажуваат, овие алтернативи се секако подобар избор од цигарите.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

ВИКЕНДОВ ТЕМПЕРАТУРЕН ШОК – иако ќе имаме големо разочарување за споениот викенд, сепак ни доаѓа највисоката температура досега!

Angela

Секс-маратонци! Кои хороскопски знаци имаат најмоќно либидо?!

Angela

ТАЖНА ВЕСТ од Келн: Почина новинарот на кого му се слоши за време на финалето во ракометната ЛШ

Angela