EXCLUSIVE MK
Занимливости НАСЛОВНА

А, дали знаете што добива победникот на Евровизија? На многумина не им е верно, особено од тоа што го добила Марија Шерифовиќ!

По објавувањето на победникот на секоја Евровизија, многу љубители на овој музички натпревар секогаш се заинтересирани колку пари ќе добие оној што триумфира.

Познато е дека тимовите на одредени земји многу вложуваат во своите претставници, а доколку сакаат да постават свои реквизити или нешто плус на сцената освен основниот пакет кој се нуди, тогаш организаторите дополнително наплатуваат- цените се од 50 до 200.000 евра.

Но, нема парична награда за победникот. На официјалната веб-страница на Евровизија се вели дека победникот ќе добие „стаклен трофеј во форма на микрофон“, а земјата од која ќе дојде победникот ќе има чест да го организира овој натпревар следната година.

Странските медиуми додаваат дека идејата е победниците сами да се збогатат откако ќе се прослават на Евровизија. Токму тоа се случи откако победија Абба или Селин Дион.

Сепак, некои земји добро ги наградуваат своите победници. Кончита Вурст доби 2,5 милиони евра од државата, додека украинската Руслана, која победи со песната „Диви танци“ во 2004 година, освои место во локалниот парламент.

Марија Шерифовиќ, по победата во 2007 година, откри дека добила кутија чоколади од тогашниот српски претседател Борис Тадиќ.

Овогодинешната Евровизија се одржува во Ливерпул, Обединетото кралство, иако лани победи Украина. Но поради војната, Британија ја презеде улогата да го организира овој музички спектакл. Вчера беше првата полу- финална вечер, во четврток втората, а во сабота е закажано финалето.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Денес е тежок празник – овие работи никако не смеете да ги правите

Angela

Добрите и несебични луѓе имаат дупло подобар сексуален живот од злобните!?

Angela

Подвиг за респект: Вуков освои бодови осум трки по ред!

Angela