EXCLUSIVE MK
ЗДРАВЈЕ Исхрана

Проја каква што досега не сте пробале

Проја на бабин начин…

Потребно е:

– 1 канче кисело млеко
– малку квасец
– ½ прашок за печиво
– 200 гр тврдо сирење
– 2 јајца
– 2 чаши од 200 гр пченкарно брашно
– 1 чаша гриз
– 50 мл масло
– сол по вкус
– кисела вода да се замеси

Подготовка:

Во чинија сипете го брашното, додадете го гризот и прашокот за печиво и измешајте, додадете го киселото млеко, малку растворен квасец во малку млака вода, сирење изронето на покрупни парчиња, јајца, масло и сол, измешајте заедно со киселата вода и ставете во плех обложен со хартија за печење. Печете на 200 степени околу 30 минути убаво да зарумени.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Како да дознаете дали ЈАЈЦЕТО Е РАСИПАНО – без да го скршите

Angela

Грешка која ја прават сите жени и затоа косата брзо се масти

Angela

Здрав чај од кој ќе слабеете

Angela