EXCLUSIVE MK
НАСЛОВНА СПОРТ Фудбал

Барди во друштво на Роналдо, Мендиета, Ди Стефано, Негредо..!

Македонскиот репрезентативец во четвртокот постигна два гола со кои го спаси Леванте од пораз против Атлетико Мадрид во рамките од шпанската „Ла Лига“.

Енис Барди во прав момент се враќа во добра форма пред новите репрезентативни обврски во ноември кога ќе се одиграат двата последни квалификациски натпревари за пласман на СП.
Тоа што не е добро за Леванте што и натаму нема триумф сезонава во најсилното шпанско првенство и се наоѓа моментно во опасната зона за испаѓање.

Барди е само седмиот фудбалер во историјата на „Ла Лига“ кој постигнал два гола од пенал во натпревар против Атлетико Мадрид.

Тоа претходно им успеа на Корона (1948 година), Франко (1949), Ди Стефано (1953), Мендиета (1998), Негредо (2010) и Кристијано Роналдо (2011).

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Луѓето пред 900.000 години биле пред исчезнување

Angela

Денес е тежок празник – овие работи никако не смеете да ги правите

Angela

Чудесниот ефект на кафето врз варењето

Angela