EXCLUSIVE MK
НАСЛОВНА Свет

„Бил преплашен“: Најмладиот патник во подморницата не сакал да тргне на пат, неговата тетка ја открила причината поради која се согласил

Во деновите пред подморницата Титан да исчезне во Атлантскиот океан, најмладиот патник, 19-годишниот студент кој го придружувал својот татко на експедицијата, се двоумел дали да тргне во морските длабочини кон остатоците од Титаник бидејќи бил „преплашен“.

Сепак, се согласил да го направи тоа за да му угоди на својот татко кој бил авантурист, изјавила тетката на момчето кое вчера беше прогласено за мртво како и останатите четворица патници и членови на екипажот.

Азмех Давуд, постарата сестра на пакистанскиот бизнисмен Шахзада Давуд, изјавила за „NBC“ дека нејзиниот внук Сулејман (19) му кажал на еден роднина дека не е „баш расположен“ за пат со подморницата и дека се чувствува „преплашено“ поради експедицијата до остатоците од Титаник.

Тинејџерот на крајот сепак се качил во подморницата бидејќи патувањето било закажано за Денот на татковците и сакал да му угоди на својот татко, кој бил страстен кога станува збор за Титаник, изјавила Азмех.

Таа била скршена вчеравечер кога компанијата „Oceangate Expeditions“ која стои зад експедицијата, потврдила дека сите пет патници во Титан се мртви. Американската крајбрежна стража соопштила дека остатоците во областа на потрагата се во согласност со „катастрофална имплозија“.

„Чувствувам неверување. Тоа е нереална ситуација“, изјавила Азмех низ солзи.

„Колку и да звучи ужасно, мило ми е што знам дека мојот Сулеjман не почувствувал ништо. Тие само седеле и уживале, а потоа одеднаш се случил бум – и готово. Немале време ни да разберат што се случило“, рекла Азмех, опишувајќи го нејзиниот брат како „скапоцен ангел“ кој се интересирал за Титаник уште од неговата младост.

Сестрата на Шахзада изјавила дека тој уште од мали нозе бил „апсолутно опседнат“ со Титаник. Кога биле деца, браќата и сестрите Давуд постојано го гледале филмот од 1958 година, „A Night to Remember“, британска драма за потонувањето на брод за крстарење.

Не била изненадена кога дознала дека нејзиниот брат купил билети за мисијата на „Oceangate“. Сепак, тоа не било нешто што таа би го направила.

„Ни за милион долари не би влегла во Титан“, изјавила Азмех.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Ова се новите „Pixel 6“ и „Pixel 6 Pro“

Angela

ЛЕСНА, ВКУСНА И ЗДРАВА ВЕЧЕРА! Направете маринирани тиквички со сирење – ќе уживате во секој залак!

Angela

Феномени на оргазам за кои можеби не сте знаеле

Angela