EXCLUSIVE MK
СПОРТ Фудбал

Буфон ја посочи најголемата грешка во богатата кариера

Долгогодишниот голман на Јувентус и италијанската фудбалска репрезентација, Џанлуиџи Џиџи Буфон,  претставува вистинска икона во светот на професионалниот спорт, со респектабилна кариера која му овозможува статус на „жива легенда“.

Тој и сезонава е дел од тимот на Парма, со која настапува во Серија Б. Во последното интервју за „Бобо ТВ“ (подкаст на Кристијано Виери), зборувал за својата кариера, како и за актуелни теми на италијанската фудбалска сцена.

– ПСЖ беше најдобро искуство во мојата кариера, напуштањето на Париз е најголема грешка во мојата кариера.

– Се откажав од 10 милиони евра, клубот сакаше Ареола да биде прв голман, а јас не можев да го прифатам тоа.

– Децата се уште ме прашуваат зошто сме си отишле од Париз, а јас таму се чувствував како слободен човек, посетував музеи, зборував француски… Нивото кое го има достигнато ПСЖ го нема на друго место, но ми недостасуваше карактерот на Јувентус, – истакнал Буфон.

Фото: twitter.com/ParmaCalcio_en

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Барди во друштво на Роналдо, Мендиета, Ди Стефано, Негредо..!

Angela

Човекот кој прв објави за новиот договор на Мбапе излезе со „бомба“ за Зидан

Angela

Младински репрезентативец Бехар Фета три години во дресот на Марибор!

Angela