EXCLUSIVE MK
НАСЛОВНА СПОРТ Фудбал

Првиот македонски селектор Андон Дончевски „упадна“ на тренинг на А репрезентацијата

Најдобрата македонска фудбалсска репрезентација продолжува да се подготвува за дуелот против Малта, со кој го започнува новиот циклус во квалификациите за Европското првенство.

На еден од последните тренинзи на терените кај ФФМ, се појави и специјален гостин, легендарниот Андон Дончевски. Првиот селектор на македонската репрезентација ги поздрави актуелните носители на играта во националниот ти, изразувајќи почит со неочекуваниот потег при што и буквално „им симна капа“ на репрезентативците од оваа генерација и им посака успех.

„Чичко Дончо“ на крајот доби и дрес од капитенот Стефан Ристовски. Фудбалската федерација на Македонија објави видео од настанот преку социјалните мрежи.

Средбата со Малта се игра на 23 март, додека четири дена подоцна ќе имаме пријателски натпревар против Фарски Острови.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Како да познаете дека лажe?

Angela

СЕ ПОЈАВИ ПРВПАТ ПО СЕМЕЈНАТА ТРАГЕДИЈА – Јелена Томашевиќ во црнина од глава до пети, но еден детаљ на нејзината облека откри сѐ (ФОТО)

Angela

Луксузен украс на раката на Лепа Брена: Ова парче чини над 33.000 евра (ФОТО)

Angela