EXCLUSIVE MK
ВЕСТИ НАСЛОВНА Црна хроника

Затвореници ископале 40-метарски тунел во Идризово

МВР објави дека заедно со Бирото за јавна безбедност, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во координација со Агенцијата за национална безбедност спречиле организирано бегство од затворот „Идризово“.

Според соопштението, по доставувањето на сознанијата до Управата за извршување на санкции, биле извршени проверки на местото кое било посочено како потенцијален тунел. Утврдено е дека постои ископан тунел во должина од околу 40 метри, лоциран до објект кој се користел за одлагање на јаглен, во правец на заштитната ограда позади која се наоѓа женското одделение.

За ова се сомничат најмалку осум осудени лица кои издржуваат казна затвор во Казнено-поправниот дом „Идризово“, кои имаат сторени сериозни кривични дела и издржуваат казни од 10 години до доживотен затвор.

Во тунелот биле пронајдени повеќе пластични корпи на кои биле врзани јажиња, а со кои се извлекувала ископаната земја, како и електричен кабел со сијалица која им служела за осветлување на тунелот, што укажува за постоење на организираност.

Истовремено, премиерот Димитар Ковачевски соопшти дека на владина седница разрешен бил директорот на затворот „Идризово“, Шпенд Тахири, а на негово место е назначен Зоран Јовановски. Ова разрешување доаѓа откако партијата на Тахири, Алтернатива, ја напушти владината коалиција.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

НОВА ТРАГЕДИЈА ВО БИТОЛСКАТА БОЛНИЦА – бебе почина во стомакот на мајката, и дале да испие таблета за провокации, па ја пратиле дома!

Angela

Денес и болните може да се излечат: Првиот петок по Велигден е Балаклија

Angela

Исплатени над 866 милиони денари за субвенции

Angela