EXCLUSIVE MK
ВЕСТИ Македонија НАСЛОВНА

Концептот за дигитална трансформација е усвоен од Владата, наскоро електронски лични карти

Откако пред еден месец беше усвоен Концептот за дигитална трансформација на општеството од страна на Националниот совет за истата намена со кој раководи вице-премиерката Славица Грковска, сега и Владата го усвои истиотдокумент.

Тој е резултат од проектот за унапредување на дигитализацијата во Северна Македонија, со финансиска поддршка од САД и Естонија и експертска поддршка од Естонскиот центар за меѓународен развој.

Имплементацијата на Концептот ја обврзува Владата да воведе електронска лична карта и да спроведе мерки за поддршка за поврзување на сите домаќинства на бродбенд услуги во следните 5 години.

За да се постигнат целите поставени со Концептот, ќе се формира Агенција за дигитализација, која ќе биде надлежна за управување со околината за безбедна размена на податоци, поставување стандарди за ИКТ и сајбер безбедност за сите засегнати страни, давање насоки за управување со промените при дигитална трансформација на администрацијата и подигнување на јавната свест за оваа проблематика.

Очекувањата се дека ова ќе претставува предуслов за напредок и во борбата против корупцијата и јакнењето на транспарентноста и доброто управување. Покрај подобрувањето на слободниот пристап до јавните информаци, една од клучните измени кои ги носи овој концепт е давањето предност на дигиталната верзија на записите и електронските потписи. Податоците што еднаш се внесени во јавен регистар, нема повторно да се бараат од физичките и правните лица, а дигиталниот потпис создаден со лична карта е еквивалентен со своерачен потпис.

 

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Живот полн со трагедии и обид за самоубиство: Зад насмевката на Тереза Кесовија секогаш се криела голема болка

Angela

Откако го договорија Меси, Инстаграмот на Интер Мајами – „експлодирал“! (ФОТО)

Angela

Лукот има магична моќ: Погледнете осум огромни придовки од него

Angela