EXCLUSIVE MK
ЗДРАВЈЕ Исхрана НАСЛОВНА

Вечна дилема: Дали се подгрева пирето од компири, и како?

Подгревањето на пирето од компири не е едноставно, во смисла само да се стави во микробранова печка, и тоа е тоа. Како и другите скробни јадења кои се прават со млечни производи, пирето од компири може да стане суво и леплив,о ако се подгрева пребрзо на висока температура.

 

Поради тоа за најдобри резултати прескокнете ја микробрановата. Големата топлина ја извлекува влагата од пирето и крајниот резултат нема да биде добар. Следниот пат обидете се да го подгреете во рерна, а постапката е следна:

 

1.Ставете го пирето во сад за печење што ќе овозможи рамномерно загревање со минимално сушење.

2.Додајте путер и павлaка, повеќе влага и масленост се двете тајни состојки за подгревање на остатоците од пире. Затоа во компирите додајте една лажица путер и 100 милилитри павлака.

3.Покријте го садот и полека загревајте на температура од 180 степени околу 20-30 минути.

За крај важно е да се напомене дека често се поставува прашањето, дали е безбедно да се подгрева пирето од компири? Нутриционистите велат дека подгреаниот компир не е ниту канцероген ниту токсичен. Но, со негово подгревање доаѓа до рекристализација на скробните зрнца, поради што тие потешко се варат и со тоа создаваат чувство на тежина во желудникот.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

5 причини зошто во исхраната треба да внесете ротквици

Angela

Филипче: Повредените патници се надвор од животна опасност

Angela

Црното кафе може да помогне при слабеење

Angela