EXCLUSIVE MK
Uncategorized

ВИДЕО: Импресивни сцени од Јадранот, снимена група китови

Видео споделено на ЈуТјуб каналот Morski.hr прикажува група од десет китови во близина на островот Вис во Хрватска.

Иако појавата на китови во Јадранот не е толку изненадувачка, она што е невообичаено е што десетина од нив се снимени во водите кај Вис.

-Снимајќи го кристално чистото море и вдлабнатиот брег, бевме сведоци на импресивна глетка на китови во нивното природно живеалиште. Бевме маѓепсани, вели Стефан Торес.

Тоа е вид на голем северен кит кој веќе е виден на Јадранот. Тој е најблискиот роднина на синиот кит и после него е следното најголемо животно на Земјата.

Колегата на Торес, Бранимир Биочиќ, објасни дека прво снимиле група од 3-5 поединци, а по околу 15 минути забележале уште една група.

-Ова видео е снимено околу 20 минути откако тие две групи се споија, а тука има околу 10 единки, вели Биочиќ.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Намирници кои го успоруваат метаболизмот, а ги консумираме секој ден

Angela

Бои кои не се препорачуваат за ѕидот во спалната соба

Angela

СЕ БОРЕЛ СО СТРАШЕН ПОРОК, А СЕГА ЦЕЛА ЕВРОПА ГО ДОЗНА – кој е Финецот на кого за влакно му побегна победата, а на сцената направи хаос

Angela