EXCLUSIVE MK
НАСЛОВНА Шоу биз

Дарко Филиповиќ заработува повеќе пари од бизнисот отколку со пеењето: Пејачот целата заштеда ја инвестирал во ова – овој бизнис е тренд во поново време!

Пејачот Дарко Филиповиќ деновиве е во центарот на вниманието откако се разведе од сопругата Јасмина која го изневерила со неговиот пријател.

Поради приватниот бродолом сега јавноста се повеќе се занимава со животот на пејачот, а тоа што е интересно е што тој со години наназад заработува повеќе пари од приватниот бизнис отколку со пеењето.

Како што претходно имаат пишувано српските медиуми, тој има купено два апартмани на југот од Европа и сега ги собира плодовите од својата инвестиција.

-Имам една пријателка таму која ме посоветува дека сега е време да инвестирам во недвижности таму, бидејќи цените ќе одат само нагоре и нагоре. Во тој момент пред четири години во тој регион цената беше најниска, а за неколку години порасна нагло. Имав некоја заштеда и си реков цената нема да оди помалку од ова никогаш повеќе, само може да порасне, изјавил пејачот во 2021 година.

Инаку тој инвестирал во апартмани во близина на Солун, во местото Пареа.

Тој таму купил два апартмани, еден за себе, а другиот го изнајмува преку агенција со која соработува.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Се празнува Св. Еразмо Охридски

Angela

ВИДЕО: Натпреварувач се самозапали среде шоу, жирито во шок

Angela

Хелена Топаловиќ купи бебешка количка која е вистински луксуз – ОД ЦЕНАТА ЌЕ ВИ СЕ ЗАВРТИ ВО ГЛАВАТА, просечен автомобил е поевтин (ФОТО)

Angela