EXCLUSIVE MK
ВЕСТИ Македонија НАСЛОВНА

Се празнува Св. Еразмо Охридски

Овој светител беше родум од Антиохија, а живееше за време на царевите Диоклецијан и Максимијан. Се подвизуваше на Ливанската планина, а во Охрид дојде веќе како епископ за да го проповеда Евангелието.

Во тоа време Охрид се уште беше пагански град. Тука со молитва го воскресна синот на некој си Анастас, кој потоа се крсти.

Поради неговата проповед многумина поверуваа во Христа, па во Охрид тогаш пропаднаа скоро сите идолски жртвеници. Заради тоа светителот беше изведен пред суд од страна на Максимијан и затворен. Но, ангел го ослободи од затворот, како некогаш апостолот Петар.

Потоа свети Еразмо за некое време замина во Кампања, а најпосле се повлече во градот Хермелија. Тука во мир го предаде својот дух на Бога во 303 година.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Најактивниот вулкан во Индонезија повторно еруптираше

Angela

ЦЕЦА ЦЕЛА ВО ЦРНО – еве како изгледа пејачката откако нејзината ќерка Анастасија го загуби бебето, првпат се појави криејќи го лицето со овој детаљ! (ФОТО)

Angela

Хороскопски знаци кои треба да бидат посебно внимателни

Angela