EXCLUSIVE MK
Кошарка

Младите кошаркари го освоија четвртото месот на ФИБА „Челинџер Купот“

Кошаркарската репрезентација на Македонија до 20 години со поразот од Швајцарија од 71:53 го освои четвротото место на ФИБА „Челинџер Купот“ кој се играше во унгарскиот град Шопрон. Ова беше втор пораз на избраниците на селекторот Тони Симиќ од Швајцарија.

По доброто прво полувреме кои заврши нерешено (29:29), македонските кошаркари одиграа многу послабо во вториот дел, а посебно потфрлија во третата четвртина која ја загубија ос 23:14 по што немаа сили да се вратат во игра.

Љубиша Димитровски со 22 поени беше најдобар во „црвено-жолтиот“ тим, додека кај Шцвајцарија се истакна Кевин Мартина со 28 поени.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Лејкерс ги нудат Кузма и Калдвел-Поуп буквално на сите тимови во НБА

Angela

Лука Дончиќ со загрижувачка изјава: Не уживам повеќе ….

Angela

Кошаркар на Лејкерс дојде во Куманово

Angela