EXCLUSIVE MK
Наука - новости

Научниците најдоа одговор – еве што се случило со водата на Марс

Научниците мислат дека овој пат го имаат вистинскиот одговор, а тоа е дека големиот дел од водата останал заробен во повисоките слоеви на планетата, во нејзината кора. Таа поранешна вода и понатаму постои во облик на минерли во карпите на Марс, пишува Би-Би-Си.

Ова откритие било тема за дискусија на 52. Месечна конференција за планетарни обуки, а беа објавени во списанието „Сајанс“. Истражувањето користело мерења спроведени од летала во орбитата на Марс и податоци добиени со проучување на метеорити. Истражувачите подоцна развиле компјутерска симулација на исчезнување на водата од планетата.

Пред повеќе од 4 милијарди години Марс бил потопол, влажен и со можеби погуста атмосфера. Течењето на водата било во реки, создавајќи канали во карпите и собирајќи се во кратерите. Марс најверојатно имал доволно вода за да ја покрие целата површина со дебел слој од 100 до 1.000 метри. Околу 1 милијарда години подоцна, Марс станува студена и пуста планета, онаква каква што ја знаеме денес.

– Ние долго време знаевме дека Марс бил влажен во својата рана историја. Од истражувањето на атмосферата на Марс знаеме дека дел од таа вода е изгубен во вселената, а ледените наслаги на површината и веднаш под неа, ни кажуваат дека водата е делумно замрзната – вели за Би-Би-Си д-р Питер Гриндрод од Природнонаучниот музеј во Лондон.

Земјата има магнетен штит или магнетосфера, што помага да не се раствори атмосферата во вселената. Но, магнетниот штит на Марс е слаб и не може да спречи елементарните компоненти на водата да не побегнат од планетата. Сепак, брзината со која водородот, еден од хемиските состојки на водата, излегува од атмосферата, укажува на тоа дека ова не е целата приказна.

– Ако претпоставиме дека сегашната стапка на загуба на водород била иста и во минатото, тогаш станува збор за мала количина на вода која би се изгубила во овој процес – изјавил коавторот на студијата Ева Лиган Шилер од Технолошкиот институт во Калифорнија.

Резултатите од научната работа покажуваат дека помеѓу 30 и 99 отсто од почетната количина на Марс завршиле во минерали во кората на планетата. Друг коавтор, професор Бетани Елман, објасни дека со проучување на постоечките податоци, може да се заклучи дека има доволно докази за промените кои се случувале со водата на Марс.

– Кога кората се менува, таа зема вода во течна состојба и ја претвора во хидриран минерал, кој има вода во својата структура, па на тој начин ја врзува толку ефикасно – вели Елман.

Авторите на студијата сугерираат дека најголемиот дел од течната вода исчезнала пред 4,1 до 3,7 милијарди години.

– Она што ни го кажува оваа нова студија е дека голем дел од водата, може да се наоѓа во карпите на Марс. Овој процес на хидратација може да заштеди големи количини на вода или количини еднакви на глобалниот слој со дебелина од еден километар. Иако поголемиот дел од течната вода најверојатно исчезнала пред 500 милиони години по формирањето на Марс, денес на површината гледаме докази од хидрирани минерали и тоа во крaтерот Езеро, кое моментално е истражувано од роверот „Упорност“. Раната марсовска клима останува една од најважните теми во планетарната наука, а оваа студија ќе ни помогне во сфаќањето на процесите што предизвикуваат губење на вода – вели д-р Гриндорд за Би-Би-Си.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Должината на денот осцилира на секои шест години

Angela

Интересни суеверија за ѕвездите

Angela

Ќе ве интересира: Занимливи факти за сонцето

Angela