EXCLUSIVE MK
Астрологија НАСЛОВНА

Непланирани трошоци за Водолијата, Рибите да избегнуваат алкохол

ОВЕН

Влегувањето на Меркур во знакот Рак, во кој Сонцето е веќе под влијание на Нептун, ве предупредува да се грижите за документацијата, особено ако сте приватно лице. Положбата на Месечината, во вечерните часови, носи инспирација за уметниците и научниците. Избегнувајте газирани пијалоци.

БИК

Позицијата на Меркур, владетел на полето на работа, не ви одговара доколку планирате договори со странци. Бидејќи Меркур владее и со вашиот љубовен живот, добриот аспект со Сатурн може да ви донесе средба со стара љубов. Пијте повеќе течности.

БЛИЗНАЦИ

Влегувањето на вашиот владетел Меркур во знакот Рак ви носи заработка преку соработка со луѓе со кои веќе сте соработувале, особено ако се занимавате со гостопримство или туризам. На вашиот партнер не му се допаѓа вашата прекумерна лежерност во комуникацијата со него. Чувствителен стомак.

РАК

Аспектите на Меркур, планетата на бизнисот во вашиот знак, им носи успех на уметниците, лекарите, фармацевтите, научниците. Позицијата на вашиот владетел Месечината, доцна вечерва, навестува можност да флертувате со шармантен Бик или Вага. Проверете го вашиот хормонален статус.

ЛАВ

Владетелот на полето на работа, Меркур, му се придружил на вашиот владетел Сонцето во 12-тата куќа, што одговара на Лавовите чија работа е поврзана со медицината, психологијата, фармацијата. Ќе запознаете Вага на некоја социјална мрежа. Подложност на повреда.

ДЕВИЦА

Вашиот владетел Меркур брзо прошета низ Ракот, вашата 11-та куќа, зголемувајќи ја вашата ефикасност доколку сте присутни во јавноста преку работа, работа во медиумите, маркетингот, модата. Пријатни споделени моменти со партнерот во вечерните часови. Несоница.

ВАГА

Аспектите на Меркур, владетел на полето на надворешните работи и имагинацијата, ви носат шанси за профитабилни аранжмани со странци. Секстил помеѓу вашиот владетел Венера и Месечината ве прави подготвени да го прифатите додворувањето на Лавот. Проблеми со циркулацијата.

ШКОРПИЈА

Предизвикувачкиот аспект помеѓу Меркур и вашиот владетел Плутон бара прилагодување на желбите на странските деловни партнери. Во клуб или на концерт ќе запознаете помлада, атрактивна личност. Проверете ја крвната слика.

СТРЕЛЕЦ

Спојот на Сонцето и Меркур во Рак, под влијание на вашиот владетел Јупитер и Уран во Бик, најавува нови деловни можности, особено ако се занимавате со купување и продавање на недвижен имот или градежни работи. Бидете внимателни во сообраќајот.

ЈАРЕЦ

Позицијата на вашите владетели, Сатурн и Уран, симболи на традицијата и новите технологии, носи креативни предизвици за уметниците и веб-дизајнерите. Доцна навечер можна средба со харизматична личност која носи униформа на работа. Земете повеќе витамини.

ВОДОЛИЈА

Напнатиот аспект помеѓу Меркур на работното поле и Нептун, кој владее со вашите финансии, ви носи непланирани трошоци. Шармантната Вага која ја запознавте преку социјална мрежа се повеќе ви го привлекува вниманието. Проблеми со зглобовите.

РИБИ

Позицијата на Месечината ви носи можност за зголемување на приходите преку паралелен ангажман. Меркур на љубовно поле, под влијание на вашиот владетел Нептун, навестува средба со харизматична личност од која ве дели поголема разлика во годините. Избегнувајте алкохол.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Погба смета дека Манчестер Јунајтед е виновен за втората разделба

Angela

ВИДЕО: Само она има храброст да облече вакви бикини -сите на плажа гледаа во Сораја

Angela

Порано вакво нешто беше незамисливо: Анастасија Ражнатовиќ целосно се опушти во бременоста (ФОТО)

Angela