EXCLUSIVE MK
НАСЛОВНА СПОРТ Фудбал

Погба смета дека Манчестер Јунајтед е виновен за втората разделба

Пол Погба официјално го напушти Манчестер Јунајтед и по се изгледа дека и вторпат ќе се упати во редовите на Јувентус, во трансфер кој веројатно ќе биде објавен следниот месец.

Французинот беше скапо засилување за составот од „Олд Трафорд“, но не беше постигнат договор за продолжување на соработката по крајот на последната сезона.
Во неодамна објавениот документарец посветен на Погба кој се вика „The Pogmentary“, вметнат е и разговор со неговиот сега починат агент, Мино Раиола.

– Испрати ли Манчестер Јунајтед нова понуда? го прашува Погба својот агент.

– Да, тие многу сакаат да останеш, но понудата не одговара на таа желба. Ако сакаш да задржиш некого, не испраќаш таква понуда. Ќе ги натерам да сфатат дека ако сакаат да градат проект покрај тебе, овојпат ќе треба да реагираат поинаку и да стават пари на маса, – вели Раиола.

– Тие блефираат. Како можеш да му кажуваш на еден фудбалер дека сакаш да остане, а истовремено да не му нудиш ништо. Никогаш не сум видел вакво нешто, – порачал Погба во разговорот.

Разговорот датира од јули 2021 година кога Погба и Раиола биле на заеднички одмор во Мајами.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Емина го тужеше дека не плаќа алиментација, а тој заработува милиони: Еве со кого Мустафа ќе ја подели вртоглавата сума на пари

Angela

Почина Гантер од „Френдс“

Angela

Никогаш не сте јаделе толку вкусна салата од домати: Тајната е само во ЕДНА СОСТОЈКА!

Angela