EXCLUSIVE MK
НАСЛОВНА Свет

Нови мерки во Албанија: Еве што ќе ви треба за влез во земјата

Во Албанија од денеска на сила стапуваат новите мерки против коронавиурсот. Владата на Албанија соопшти дека од денес ниту еден странски или албански државјанин не може да влезе во земјата без потврда за негативен тест за коронавирус или доказ за вакцинација.

На влезот на државата, ќе биде потребно да се покаже сертификатот за вакцинација, со поминати најмалку две недели од целосната вакцинација, негативен ПЦР тест не постар од 72 часа или антигенски не постар од 48 часа, или да се покаже потврда за прележан коронавирус.

Децата до шест години се ослобени од ваквите мерки, а правилата важат за сите патници кои се движат низ територијата на Албанија.

Доколку лицата ги немаат потребните документи при пристигнувањето во државата, ќе бидат ставени во десет дневен карантин.

Покрај ова, во Албанија е воведен полициски час од 23 часот до 6 наутро.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

На денешен ден: Починал Александар Македонски

Angela

СЛЕДУВААТ ЧЕТИРИ НЕРАБОТНИ ДЕНОВИ – следен петок уште три, до крајот на годината уште „еден тон“ споени викенди!

Angela

Контроверзната водителка не престанува да се бламира: Јована Јеремиќ доби бизарен напад на смеа среде разговор (ВИДЕО)

Angela