EXCLUSIVE MK
ЗАБАВА НАСЛОВНА Светот на познатите Шоу биз

Ракописот од „Bohemian Rhapsody“ продаден за 1,6 милиони евра

Ракописот на големиот хит „Bohemian Rhapsody“ на легендарниот британски бенд Queen, кој го напишал починатиот пејач Фреди Меркјури, е продаден во средата вечерта на наддавање во Лондон за 1,6 милиони евра.

Овие 15 страници испишани со молив и пенкало на хартија со логото на сега веќе згаснатата воздухопловна компанија „British Midland Airways“ го открива процесот на настанување на овој голем безвременски хит, наведува аукциската куќа Sotheby’s.

Од ракописот, меѓу другото, видливо е и дека песната можело да се вика и „Mongolian Rhapsody“.

Аукциската куќа пред наддавањето ја проценуваше вредноста на ракописот на меѓу 930.000 и 1,4 милиони евра.

На наддавањето на Sotheby’s за два милиона евра е продаден и клавирот на Фреди Меркјури на кој ја компонирал „Bohemian Rhapsody”. Пејачот овој инструмент од марката „Yamaha“ го купил во 1975 година за илјада британски фунти.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Лука Дончиќ со загрижувачка изјава: Не уживам повеќе ….

Angela

Емина го тужеше дека не плаќа алиментација, а тој заработува милиони: Еве со кого Мустафа ќе ја подели вртоглавата сума на пари

Angela

Црвен или бел компири: Која е разликата и кој е поздрав?

Angela