EXCLUSIVE MK
ВЕСТИ Свет

Смртоносен напад во супермаркет

Вооруженото насилство и смртоносните пукотници се речиси секојдневна појава во САД. Во најновата во сојузната држава Тенеси напаѓач со огнено оружје во супермаркет уби едно а рани најмалку 14 лица.

Едно лице е убиено,  а 14 се ранети вчера во вооружен напад во супермаркет во градот Колиервил, во близината на Мемфис во американската сојузна држава Тенеси.

Најмалку четири чица се тешко ранети, а напаѓачот, според наводите на полицијата, починал од повредите кои самиот си ги задал со оружје, но тоа сѐ уште се истражува. Нападот се случил во супермаркетот Крогер, соопшти паортпаролката на градската управа, Џенифер Кејси.

Полицискиот началник Деј Лејн на конференцијата за новинари рече дека ги пронашле вработените во Крогер како се кријат во фрижидери и во канцеларии. „Ова е најстрашното нешто кое се случило во историјата на Колиервил. Ужасно е, грозно е што нѝ се случи, но ова е една од најиздржливите заедници во САД“, додаде Лејн. Затворено е и средното училиште кое се наоѓа во близина.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Облачно и посвежо време со југоисточен ветер

Angela

МТСП: Во тек е етапната исплата на ноемвриските пензии

Angela

Од понеделник и во Македонија лицата над 60 години ќе можат да примат трета доза од вакцините против Ковид-19

Angela