EXCLUSIVE MK
ЗДРАВЈЕ Исхрана НАСЛОВНА

Ќе заборавите на мусаката: Посочно, поевтино и вкусно јадење

Кога немате идеја што да готвите, а веќе не можете да го јадете истото, ви предлагаме рецепт со зеленчук и пилешко кој има вкус на мусака.

Вкусен ручек за целото семејство. Направете нешто што не сте го направиле досега, а тоа е комбинација на зеленчук, хељда и пилешко. Многу е сочен, но кога на оваа комбинација ќе се додаде и топено сирење, тогаш вкусот е незаборавен. Со домашен леб и салата по избор, имате јадење за два дена кое утредента нема да го загуби вкусот.

Потребни состојки:
  • 2 главици кромид
  • 2 моркова
  • 350 gr леќа
  • 200 gr тврдо сирење
  • 2 батака
  • 600 ml вода
Подготовка:

Исечкајте го кромидот, па пропржете. Потоа додаде рендан морков. Кога сето ова ќе се испржи, наредете во тавче за печење. Одозгора додадете ги сечканите батаци кои сте ги зачиниле по желба, а потоа и измиената хељда. Рамномерно прелијте со врела вода, покријте со фолија. Печете на 180°C околу 30-40 минути. Потоа извадете и посипете со рендано сирење, па вратете во рерна за уште 10 минути, но намалете ја топлината на 160°C.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Како до подготовка до најдобрите есенски плодови – костен

Angela

Капитенот Ристовски одговори на провокацијата на претседателот на Славија (Фото)

Angela

Принцот Хари може да биде протеран од САД

Angela