EXCLUSIVE MK
Медицина НАСЛОВНА

Кои се првите знаци на корона што се појавуваат кај мажите, а кои кај жените?

Раните симптоми со инфекција на SARS-CoV-2 се разликуваат зависно од различни фактори како што се возраста и полот, откри ново истражување на Кралскиот колеџ во Лондон.

Истражувачите открија дека е најзначајна разликата во раните симптоми меѓу помладите на возраст од 16 до 59 години, во споредба со повозрасните групи (60 до 80 години). Раните симптоми исто така се разликуваат кај мажите и жените.

Резултатите од студијата се објавени во Lancet Digital Health.

Истражувачите анализирале податоци од студијата ZOE COVID Symptom. Моделот што го користеле се состоел од фактори како возраст, пол и здравствена состојба на испитаниците. Идентификувани се 18 симптоми, а клучните за рана детекција на инфекција со коронавирусот вклучувале: губење на осетот за мирис, болка во градите, упорна кашлица, болка во стомакот, болка во очите, невообичаена болка во мускулите и плускавци на нозете.

Други рани симптоми како дијареја биле вообичаени кај повозрасните заболени од вирусот.

Студијата откри дека раните симптоми се разликуваат кај мажите и жените. Машите почесто пријавуваат отежнато дишење, умор, треска, додека жените губење на мирисот, болка во градите и упорна кашлица.

Овој модел е врз основа на анализа на првиот сој на вирусот, алфа варијантата, но истражувачите сметаат дека и симптомите на делта варијантата се разликува меѓу одредени општествени групи во зависност од полот и возраста, пишува Health Europa.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Русокосата девојка ги „демнела“ играчите на Челси, па била осудена: Што им правела и како ги малтретирала? Била вистинска предаторка

Angela

Пандев распали по раководството на ФФМ: Сите чекавме промени после срамот во Англија

Angela

Пет хороскопски знаци кои важат за најголеми заводници

Angela