EXCLUSIVE MK
Занимливости

Неколку занимливости за знамињата ширум светот

Речиси сите знамиња на светот се правоаголни, a само две се во облик на квадрат… Следат неколку занимливи факти за знамињата ширум светот.

1. Швајцарија и Ватикан имаат државни знамиња во облик на совршен квадрат.

2. Како што пишува „Квизклаб“, кога некоја земја избира симбол за своето знаме, тој обично носи посебно значење. На некои знамиња има животни, а на други – ѕвезди или други симболи. Некои земји пак, избрале измислени животни… На пр., знамето на Велс содржи змеј, а оние на Албанија, Србија и Црна Гора имаат двоглав орел.

3. Земјите обично користат бои поврзани со нивната историја. Тоа пак, ќе рече, повеќето национални држави ги претпочитаат основните бои – црвена, жолта, бела, сина…

4. Само една земја на светов, има знаме кое не е четириаголно. Тоа е националното знаме на Непал – составено од два триаголника, еден над друг.

5. Најмалку популарна боја на знамињата е виолетовата. Само Доминикана и Никарагва – држави во Средна Америка, ја содржат оваа боја на нивните знамиња.

6. Белизе го сака шаренилото! Нивното знаме е најшаренолико во светот – со 12 бои прикажани на државниот симбол, коишто меѓу другото, ја одразуваат и мултиетничноста и мултикултурализмот на земјата.

7. Честа да го има најстарото знаме на светот, според „Квизклаб“, ѝ припаѓа на Данска. Нивното сегашно знаме првпат било користено 1625 година, но самиот дизајн, се верува, потекнува од раниот 13. век.

8. Истражување на канадскиот портал „Провинс“ од 2015 година, по гласање на читателите во 64 држави во цел свет, македонското државно знаме е прогласено за „најубаво национално знаме“ во светот.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Ако сакате бањата секогаш добро да ви мириса, пробајте го овој трик

Angela

Што сакаат принцот Вилијам и Кејт Мидлтон од Хари? Пријател на идниот крал откри што носи иднината на кралското семејство

Angela

Најдовте пари на улица: Еве што да направите за да ве следи среќа

Angela