EXCLUSIVE MK
Uncategorized

Чудесното грчко семе може да го намали холестеролот и до 33 отсто

Милиони луѓе ширум светот секојдневно се трудат да го намалат високото ниво на холестерол во крвта, бидејќи тоа може да претставува сериозна закана по здравјето.

Истражувањата сугерираат дека грчкото семе (пискавица, тилчец) може да доведе до пад на високите нивоа на холестерол по консумирањето.

Холестеролот е восочна супстанца која ја произведува црниот дроб врз основа на храната што ја јадете. На телото му е потребна здрава количина на холестерол за да функционира, но постојано високите нивоа може да ги затнат артериите, зголемувајќи го ризикот од срцеви болести.

Намалувањето на високиот холестерол е можно со модификација на секојдневната исхрана и со воведување намирници кои се поефикасни од другите. Таков е случајот со грчкото семе.

Истражувањето објавено во списанието „Journal of Family Practice“ покажува дека консумирањето на оваа храна која се одгледува во јужна Европа, западна Азија и северна Африка, може да предизвика значително намалување на високото ниво на холестерол.

За да тестираат дали грчкото семе може да го намали холестеролот, истражувачите прегледале неколку бази на податоци, вклучувајќи ги „Madeline“, „Embeis“, „AMED“ и други. На тој начин забележале дека намалувањата се статистички значајни и претставуваат помеѓу 15 и 33 отсто.

Според истражувачите, овој ефект се наоѓа само во семето, бидејќи студијата за неговите листови открила не толку значително намалување од само 9 отсто. Благотворните ефекти од консумирањето грчко семе се припишуваат на неговата висока содржина на влакна. Ова растворливо влакно, кое ја апсорбира водата, може да ја намали апсорпцијата на холестеролот во крвотокот.75

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Намирници кои го успоруваат метаболизмот, а ги консумираме секој ден

Angela

3 совети од Кама Сутра со кои интимниот однос станува незаборавно искуство

Angela

Овие хороскопски знаци се најдобри шефови

Angela