EXCLUSIVE MK
Медицина НАСЛОВНА Наука - новости

Како изгледа сериозна алергиска реакција по каснување од комарец?

Според Американската академија за алергија, астма и имунологија, контактот со комарец мора да трае најмалку шест секунди за да се појави класичен меур проследен со чешање.

Дерматологот Валенсија Томас наведува дека е најдобро да преземете одредени мерки за да избегнете контакт бидејќи не можете секогаш да знаете како ќе реагира вашето тело, пишува The Healthy.

Д-р Томас предлага да носите облека што може да ве заштити од комарци, вклучувајќи маици со долги ракави и панталони со долги ногавици од лесни материјали. Видот на храната што ја јадете исто така може да им помогне на комарците да ве избегнат. Една таква храна е лукот. Исто така, користете спрејови против комарци и избегнувајте да трошите премногу време таму каде што живеат комарци.

„Нормалната реакција по каснување од комарец е црвенило, отечено место кое хронично кое притоа се појавува неколку минути по каснувањето и може да трае до десет дена“, објаснува Кара Вада од Државниот универзитет во Охајо.

Сериозните симптоми вклучуваат поголеми плускавци и меури на телото и поизразен оток. Ваквите знаци укажуваат дека станува збор за локална алергиска реакција која е многу ретка.

Не постои тест за да се утврди дали некој е алергичен на комарци, но лекарите можат само да ја следат состојбата и симптомите. Неколку симптоми може да покажат дека некое лице може да биде алергично на каснување од комарци.

Осип – Ненадејна појава на отечени, бледо црвени пликови што чешаат на местото на убодот или по целото тело може да укажуваат на алергиска реакција.

Оток – во усната шуплина, на самите усни и во грлото – секој ненадеен оток на лицето укажува на сериозна алергиска реакција.

Гадење – Ако чувствувате гадење веднаш по убодот, тоа исто така може да биде знак дека сте алергични.

Вртоглавица – Ако чувствувате вртоглавица и не можете да стоите стабилно, најверојатно станува збор за алергиска реакција.

Треска – ако температурата на вашето тело одеднаш се покачи, тоа е знак дека вашето тело се бори против алергијата.

Главоболка – Ако се појави со други симптоми, тешка главоболка што се појавува одеднаш може да значи дека имате алергиска реакција.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Индиското вселенско летало „Чандрајан-3“ денеска слетува на Месечината

Angela

Каква мајка таква ќерка: Каја го освојува светот на модата и нудат многу пари само за една работа – да биде нивно заштитно лице

Angela

ГРАНД ѝ додели на Ангелова кола од 20.000 евра, а само од нејзините гласови преку СМС продукцијата заработила вртоглава сума на пари

Angela