EXCLUSIVE MK
ЗДРАВЈЕ Исхрана

Наједноставниот рецепт за штрудла – тестото да биде меко како памук!

Ви носиме рецепт за тесто кое сите ќе го обожуваат, а оваа штрудла со вкусот ќе ги надмине сите што претходно сте ги пробале.

Состојки за тестото:

– 500 гр. брашно (тип 500)
– 250 мл. млеко
– 100 мл. масло
– 2 јајца
– 1/2 коцки свеж квасец (25гр.)
– 1/2 лажица сол
– 5 лажици шеќер

Состојки за фил:

– џем (по избор)

Состојки за премачкување:

– 1 жолчка и неколку капки масло

Подготовка:

Во 250мл. млеко ставете го квасецот и додадете една лажичка шеќер. Оставете да порасне 15-на минути. Во брашно додадете го квасецот, јајцата, маслото, шеќерот и солта и замесете го тестото.

Можете да ги измешате додатоците со помош на миксер.

Замесете го комбинираното тесто малку повеќе на лесно побрашнета површина. Поделете го тестото на два дела (2 кори), покријте го со крпа и оставете го да отстои 45 минути. Корите истенчете ги колку што можете повеќе, па целата површина на тестото намачкајте ја со џем. Засукајте ги и наредете ги во подмачкана тава. Штрудлата премачкајте ја со жолчката во која сте додале неколку капки масло. Печете во рерна околу 45 минути на температура од 200 степени. Готовата штрудла посипете ја со малку вода, покријте ја и оставете ја малку да се излади.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Рецепт за домашни посни крофни: Што да јадете за Велигденските пости

Angela

ИТАЛИЈАНСКА ТОРТА СО ЦРЕШИ! Рецепт кој секому му успева!

Angela

Како можеме да го користиме ЧИА СЕМЕТО за РАСТ НА КОСАТА?

Angela