EXCLUSIVE MK
Uncategorized

Неуромедика прв спонзор на ФК Вардар – потпишан 5 годишен договор за медицинска грижа

Болницата Неуромедика и ФК Вардар го потпишаа 5 годишниот спонзорски
договор. Играчите на клубот ќе ја добиваат беспрекорната медицинска грижа од
врвниот професионален медицински тим на болницата Неуромедика. Првиот
човек на Неуромедика истакна дека з години од сега, водени од искуството и
спортските амбиции го гледа ФК Вардар рамо до рамо со европските клубови.

„ За сите клубови се навива, а ФК Вардар се сака. Задоволство ми е што
потпишуваме пет годишен сериозен договор, во кој што го препознавме проектот
на ФК Вардар за тоа како ќе се движи. Веќе во третат година од сега ние
планираме ФК Вардар да го гледаме во европските купови. Ако сега ФК Вардар е
во втора лига, таму каде што ние го затекнавме, во план ни е третата година ФК
Вардар да е бренд кој ќе игра во европските купови и сум уверен дека тоа така ќе
биде“, рече генералниот менаџер на Неуромедика, Д-р Емил Угриновски.

Новиот сопственик на ФК Вардар, Слободан Крстевски, пак истакна дека голема е
честа грижата за здравјето на играчите да се остави во раце на веќе докажан
професионален медицински тим од болницата Неуромедика. Тој посочи дека во
современиот свет исклучително важно за постигнување спортски успеси е
професионалната медицинска грижа за фудбалерите.

„Мое огромно задоволство е што во новата ера на ФК Вардар прв спонзорски
договор потпишуваме со Неуромедика. Голема чест и задоволство е да се работи
со болницата Неуромедика која ќе се грижи за нашите играчи. Сите сме свесни
дека во модерниот спорт многу е важна грижата за здравјето на спортистите и мое
е задоволството што ќе соработуваме со професионалци и тимот што го оставаме
во нивни раце. Неуромедика и изминатите два до три месеци беспрекорно се
грижеше за здравјето на играчите на ФК Вардар“, рече сопственикот на ФК Вардар
Слободан Крстевски.

Д-р Угриновски посочи и дека на Комити и стара гарда Комити им отстапува едно
место во управниот одбор и заедно ќе го бодрат клубот кон идните победи.

Инаку на официјална прес-конференција присуствуваат и дел од водачите на
Стара гарда Комити и навивачката група Комити. ФК Вардар оваа сезона се бори
за експресно враќање во Првата фудбалска лига.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

БЛЕДА КАКО КРПА И ДРАСТИЧНО ОСЛАБЕНА – Анабела Атијас непрепознатлива по објавата каде прима инфузија во болница (ФОТО)

Angela

Српската пејачка поседува вистински дворец со свое езеро, но ваков автомобил се уште не сте виделе – овој „бесен ѕвер“ чини вртоглави 300.000 евра (ФОТО)

Angela

Храна која е лоша и нездрава за бебињата

Angela