EXCLUSIVE MK
ВЕСТИ Економија НАСЛОВНА

ССМ: Пратениците имаат 30 дена да ја направат неделата неработен ден

Откако пред неколку дена се закани со генерален штрајк доколку не се реализираат сите најавени подобрувања на работничките права, Сојузот на синдикати на Македонија сега го зголемува притисокот, па на пратениците им дава рок од 30 дена да ги усвојат законските измени со кои недела ќе стане неработен ден.

Одлуката е донесена на вчерашниот состанок на Претседателството на која се дискутираа актуелните прашања поврзани со работничките права.

– Со оглед на тоа што се поминати сите рокови кои беа договорени помеѓу социјалните партнери за усвојување на Законот за измени и дополнувања на Законот за работни односи во делот на прогласување на недела за ден на неделен одмор кој, според нас, неоправдано е заглавен во Собраниската комисија за труд и социјална политика, сметаме свесно дека се прави штета на огромен број работници. Доколку Законот беше донесен досега 92 проценти од вработените ќе одмораа, а осум проценти ќе беа платени со 50 до 100 проценти додаток за работа во ден на неделен одмор, велат од ССМ.

Оттаму го повторуваат и своето барање за зголемување на минималната плата, но овој пат посочуваат дека на почетокот на наредната недела ќе достават предлог за измена на Законот за минимална плата. Со измените што ги предлагаат, минималната плата треба да изнесува 60 проценти од просечната, односно да се зголеми најмалку на 18.000 денари, како што неодамна најави премиерот Зоран Заев. Исто така, освен зголемување на минималецот, синдикалците бараат тој раст да го следат и останатите плати.

– Зголемувањето на останатите плати согласно со зголемувањето на минималната плата треба да биде преку почитување на одредбите од колективните договори кои се однесуваат на утврдување на коефициенти на сложеност на работните места преку кои многу лесно ќе следи зголемување на платите за сите работници, велат од ССМ.

Се бара и итно потпишување на Општиот колективен договор за јавен сектор, во кој меѓу другото се предвидува и К-15 за сите јавни службеници.

– Уште во август 2021 година доставивме предлог-текст на нов општ колективен договор за јавниот сектор во кој, покрај другото, предложивме право за регрес за годишен одмор за вработените во јавниот сектор во висина од 30 до 100 проценти од основицата, се наведува во соопштението од Синдикатот.

Се појаснува дека со новиот општ колективен договор за јавниот сектор што го понудиле ќе се промени поделбата и неправдата, а се нуди и поволно решение за зголемување на додатоците на плата за прекувремена работа, ноќна работа, работа во смени, работа во ден на неделен одмор, зголемување на деновите за платен одмор и воведување дополнителни основи за платени слободни денови, се воведува задолжителна одредба за консултирање на работниците, како и задолжителна обврска да потпише колективен договор на ниво на работодавец за работодавецот кај кој има над 30 вработени и други унапредувања на работничките права.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Соборен светски рекорд – Французин престојуваше во мраз цели скоро 3 часа

Angela

ДЕНЕС ЌЕ ВИ СЕ ИСПОЛНАТ ТРИ ЖЕЛБИ – небото се отвора на полноќ, се прославува третото наоѓање на главата на Св. Јован Крстител

Angela

„Нетфликс“ најави реално шоу засновано на „Squid Game“

Angela