EXCLUSIVE MK
Ракомет СПОРТ

Јагуриновски пристигна на Исланд во тимот на Алушовски

Македонскиот репрезентативец Томислав Јагуриновски има нов клуб и кариерата ќе ја продолжи на Исланд, каде ќе соработува со Стевче Алушовски.

23-годишниот играч, кој знае да игра како десен бек и како десно крило, пристигна во редовите на исландскиот второлигаш Тор и стави потпис на договорот. Во екипата тој доаѓа по барање на тренерот Алушовски ,со кого соработуваше во Вардар и во Пелистер.

Играчот кој се најде на поширокиот список на селекторот Кирил Лазаров своето деби во дресот на Тор ќе го има на следниот натпревар, затоа што веќе е регистриран и доби дозвола да игра во новата средина.

Јагуриновски почна со професионалната кариера во Вардар Јуниор, па патот до Тор го водеше преку Металург, Еурофарм Работник, Пелистер и првиот тим на Вардар 1961.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Македонија започна со победа во квалификациите за ЕП

Angela

НБА ги изрече казните: Јокиќ еден натпревар на ладење, за Морис парична казна

Angela

Капитенот Ристовски се повлече од репрезентацијата поради селекторот Милевски

Angela