EXCLUSIVE MK
НАСЛОВНА СПОРТ Фудбал

Кралско испраќање за Кире Лазаров

Најдобриот македонски ракометар на сите времиња, Кире Лазаров го одигра последниот натпревар пред навивачите на Нант, а тие на незаборавен начин го испратија во пензија, приредувајќи му кралско испраќање.

 

Му донесоа кралски стол, а Кире Лазаров со круна седна на него. Навивачите со стоечки овации го поздравија кралот Кирил, а соиграчите му направија шпалир.Нант го победи Тулуз со 32-18, Лазаров даде три гола, од кои еден со цепелин. Македонскиот ракометар има уште еден натпревар до пензија, мечот од финалето на Купот на Франција против ПСЖ.РФМ и ЕХФ во одвоени пригодни честитики му се заблагодарија на легендарниот Лазаров за неговиот придонес во македонскиот и европскиот ракомет, ден по објавата дека става крај на кариерата како играч.

Ти благодариме за севкупниот голем придонес во македонскиот ракомет и ти посакуваме поуспешна работа во понатамошната кариера, објави Ракометната федерација на Македонија (РФМ).

Европската ракометна федерација (ЕХФ) од своја страна, ги нагласи личните достигнувања на Лазаров на европската сцена.

Најмоќниот левучар во Лигата на шампионите. Најдобар стрелец во натпреварувањето. Талент во кој уживавме 25 години. Се пензионира на 42 години, големиот Кирил Лазаров, ќе недостигаш легендо, објави ЕХФ.

Завчера во Нант на прес-конференција, 42-годишниот Лазаров објави крај на кариерата како играч и максимален фокус на тренерската работа и улогата селектор на македонската машка сениорска репрезентација.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

„Село гори, Северина се чешла“: Со дрско оправдување не доаѓа на суд, еве каде ужива додека бега од рочишта

Angela

СИТЕ МИСЛЕА ЌЕ СЕ ЗЕМАТ И ЌЕ ИМААТ ДЕЦА: И поранешниот на Анастасија не издржа, откри дека чека принова – нема да и биде добро на пејачката од оваа фотографија!

Angela

Нови мерки во Албанија: Еве што ќе ви треба за влез во земјата

Angela