Роналд Куман може да биде отпуштен уште денес бидејќи раководството на Барселона воопшто не е задоволно од игрите на екипата, но ако Холанѓанецот го „преживее“ и ремито со Кадиз, нема да биде на клупата на следниот дуел на Каталонците.
Куман вчера заработи црвен картон во завршницата на мечот против Кадиз и му следи автоматска суспензија, а тој вели дека бил исклучен без причина.
– Во оваа земја ве исклучуваат без причина.
– Сите на стадионот забележаа дека има две топки на теренот, освен судијата. Не се работеше за нервозна реакција, само му посочив на четвртиот судија дека има две топки, – вели Куман.
Барселона во недела го пречекува Леванте од 16:15 часот.